Достапни линкови

logo-print

Теренската проверка на Избирачкиот список кон крајот на неделава


Државната изборна комисија кон крајот на неделава ќе ја почне теренската проверка на 100.436 записи кои произлегоа од вкрстената проверка на податоците и граѓанската контрола преку веб апликацијата на Комисијата, во рамки на процесот на прочистување на Избирачкиот список. Теренската проверка се очекува да трае од една недела до десет дена. Списокот колку лица во која општина ќе се проверуваат, ДИК ќе го има пред самата проверка, бидејќи ИТ тимовите сè уште работат на него, појасни Адмир Шабани, раководител на одделение во Државната изборна комисија.Пасивно набљудување на целиот процес ќе може да вршат претставници на четирите најголеми политички партии. Тие ќе го набљудуваат процесот без преземање на какви било дејствија. Од ДИК не посочија врз кои основи ќе се бришат или, пак, ќе се коригираат записи од Избирачкиот список.

XS
SM
MD
LG