Достапни линкови

МНР упати сочувство за настраданите во Брисел


Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство кон семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени.

За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, од МНР апелираат да се контактира Македонската амбасада во Брисел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG