Достапни линкови

logo-print

Европа - зголемена безбедност по експлозиите во Брисел


Британскиот премиер Дејвид Камерон повика итна седница на кризниот штаб „Кобра“ поради експлозиите во аеродромот и метро станицата Малебек во Брисел – Белгија има загинати и ранети десетици луѓе.

Состанок на главните министри за безбедност на француската влада свика и Претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Холандската полиција пак, ги засили контролите на границата и аеродромите. Се јавува дека слични мерки на безбедност се преземени на сите европски аеродроми.

XS
SM
MD
LG