Достапни линкови

Еден загинат и неколку повредени при експлозии на аеродром во Брисел


Едно лице загинало, а неколку се ранети при двете експлозии на аеродромот Завентем во Брисел, јави Ројтерс повикувајќи се на белгиската агенција Белга.

Како што јавија белгиските медиуми, експлозиите одекнале во терминалот за заминување. Според снимките на веб страницата на белгиската РТБФ се гледаат скршени прозорци и чад.

Аеродромот е затворен за летови како и железничкиот транспорт кој води кон аеродромот. Причините за експлозиите засега не се познати, но до ова доаѓа по апсењето на Сала Абделсалам во Брисел.

Тој е прво обвинет во случајот за ноемвриските напади во Париз кога беа убиени 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG