Достапни линкови

ДИК ќе го соопшти начинот на теренските проверки


архива

архива

Државната изборна комисија денеска ќе го соопшти начинот на спроведување на теренските проверки на податоците кои произлегоа од Извештајот од вкрстените проверки на базите на десет институции, чија цел е прочистување на Избирачкиот список во пресрет на вонредните парламентарни избори.

Претставници на Комисијата, исто така, ќе ја презентираат медиумската кампања „Отворени врати“ преку која граѓаните треба да се информираат и да се мотивираат за соработка со тимовите на ДИК кои ќе ја спроведат теренската проверка.

XS
SM
MD
LG