Достапни линкови

Истрага за флаерот кој ги поттикна бегалците на илегален влез во Македонија


Обвинителката од грчкиот Врховен суд Ефтерпи Коцамани му наложи на Јавното обвинителство во Солун да почне прелиминарна истрага за потеклото на флаерот што се делел меѓу бегалците и мигрантите во кампот во Идомени, со кој тии се повикуваат илегално да ја преминат границата со Македонија.

Според некои извори, како што јави МИА од Атина, Коцамани побарала од обвинителите да ги пронајдат одговорните за печатење и дистрибуција на флаерот во кампот за бегалци на границата меѓу Грција и Македонија, што охрабри неколку стотици луѓе на 14 март годинава да се обидат да влезат во Македонија преку помалку обезбедени делови на границата.

Флаерот, напишан на арапски, содржи инструкции, вклучувајќи и мапа и насоки за алтернативен пат по кој може да се премине границата.

XS
SM
MD
LG