Достапни линкови

ФРОНТЕКС бара 1.500 полицајци да ѝ помогнат на Грција


Агенцијата за контрола на границата на Европска унија (ФРОНТЕКС) денеска соопшти дека од земјите-членки бара повеќе од 1.500 полицајци кои би биле задолжени за реадмисија, со цел да ѝ се помогне на Грција во враќањето на бегалците во Турција. Директорот на ФРОНТЕКС, Фабрис Леџери изјави дека Агенцијата ќе може да ги врати луѓето „дури кога грчките власти детално го разгледаат секој случај посебно и издадат одлука за враќање“. Грција нема доволно службеници кои би ги обработиле сите бегалци и мигранти кои дошле од Турција.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас предупреди дека меѓународниот договор за ограничување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Европа нема да може да биде применет на соодветен начин доколку не бидат запрени криумчарите на турскиот брег.

И покрај договорот стотици, најголем број Сиријци продолжија да пристигнуваат во Грција. Иако договорот стапи во сила во неделата, процесот на депортација на мигранти сè уште не функционира.

XS
SM
MD
LG