Достапни линкови

Криминален избирачки список или алиби за бегство од избори?


Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција изјави дека во Избирачкиот список има 330.588 сомнителни гласачи. Манчевски побара од ДИК да објасни како ќе ги провери 124.079 лица кои ги има во базата на податоци на МВР, но ги нема во ниту една друга база на податоци во последните осум месеци и кое е објаснувањето за нивниот статус. Тој потсети дека Извештајот на ИТ експертската група со којшто се потврдуваат сомнителните гласачи го усвоија сите девет члена на ДИК и оти Методологијата за проверка на Избирачкиот список беше донесена со консензус на сите партии и експертите и оти и за неа гласаа сите девет члена на ДИК.

„Откако излезе не виделина вистината за криминалниот избирачки список, Методологијата што самите ја усвоија веќе не е добра за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, рече Манчевски, кој додаде дека двете партии имаат интерес да скријат многу работи во Избирачкиот список.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека на СДСМ нема да му успее последното сценарио со кое сака повторно да бара алиби за бегање од избори, за одложување на изборите или за непризнавање на резултатите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на сите им се јасни лагите на СДСМ и измислиците и конструкциите кои оваа партија постојано ги прави, празните изговори и обиди на СДСМ по секоја цена да се саботира функционирањето на државата. На ова, како што се наведува, крајот му доаѓа на 5-ти јуни.

XS
SM
MD
LG