Достапни линкови

logo-print

Ципрас - Договорот на ЕУ и Турција е правилен чекор


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Без договорот на ЕУ и Турција за мигрантите, Европа ќе се соочеше со „домино ефект“, предизвикан од едностраните мерки на државите членки, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамополос во Атина, пренесува ТАСС.

„Важно е дека на преден план излегуваат европските решенија“, нагласи Ципрас, кој го оцени договорот како „правилен чекор“.

Грчкиот премиер истакна дека за успешно реализирање на договорот е неопходно да бидат исполнети два услови, кои не се поврзани со дејствувањето на Грција. Првиот е да се намали протокот на мигранти од Турција, а вториот услов е Грција многу брзо да добие поддршка од квалификуван персонал.

XS
SM
MD
LG