Достапни линкови

Поскапуваат горивата


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 45, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 33,5 денари за литар. Како причина за поскапувањето, Комисијата ги посочува повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и понискиот курс на доларот во однос на денарот.

XS
SM
MD
LG