Достапни линкови

ОБСЕ - Подобрување, но не и демократски избори во Казахстан


Казахстанскиот претседателот Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседателот Нурсултан Назарбаев

Набљудувачите од ОБСЕ соопштија дека парламентарните избори во Казахстан не ги исполниле сопствените заложби да бидат демократски.

„Казахстан треба да изоди уште долг пар до исполнување на изборните обврски, иако е забележан одреден напредок“, рече специјалната координаторка за набљудување на изборите од ОБСЕ, Мариета Тидеи.

Казахстанските изборни власти соопштија дека владејачката партија Нур Отан на претседателот Нурсултан Назарбаев освоила 82 проценти од гласовите на вчерашните избори. Според првичните резултати, две други партии, кои исто така се сојузници на Назарбаев, го поминале изборниот праг од 7 отсто потребен за освојување пратенички места во 107-члениот Мажилис, долен дом на Парламентот. Тоа значи дека во Собранието ќе бидат претставени истите три партии како претходно.

Ниту едни избори во Казахстан, од распадот на Советскиот Сојуз во декември 1991 година, не беа оценети како слободни и фер од западните земји и од меѓународните набљудувачи.

XS
SM
MD
LG