Достапни линкови

Албанија не крева ѕидови, но не ги отвора границите


Албанскиот премиер Еди Рама и германската канцеларка Ангела Меркел

Албанскиот премиер Еди Рама и германската канцеларка Ангела Меркел

Засега нема показатели дека по затворањето на балканската бегалска рута, мигрантите од Грција би можеле да се упатат кон Албанија, изјави албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека и ако се случи тоа, Тирана „нема да крева ѕидови“, но нема ни да ги отвори своите граници. Доколку ги отвориме границите товарот ќе биде уште поголем, вели Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Тој изнесува пофалби за напорите на властите во Македонија и Србија, поради тоа што „обезбедија превоз и храна за стотиците илјади бегалци и мигранти“, кои преку балканската рута патуваа кон земјите од ЕУ. Западниот Балкан се покажа поевропски од многу земји членки на ЕУ, кои за време на бегалската криза презентираа страотни призори, вели Рама во интервјуто за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

XS
SM
MD
LG