Достапни линкови

Мигранти доаѓаат во Грција и покрај договорот ЕУ-Турција


Мали бродови полни со мигранти и натаму пристигнуваат во Грција од Турција и покрај почетокот на договорот меѓу ЕУ и Турција за редуцирање на протокот на бегалци. Според договорот, кој стапи во сила вчера, мигрантите што ќе пристигнат на грчките острови, треба да бидат вратени назад во Турција.

Околу 2.300 припадници на Фронтекс, гранична агенција на ЕУ, треба да ја засилат грчката полиција и околу 600 експерти за полиција и азил од Франција и Германија. Меѓутоа, грчки официјални лица соопштија дека претставниците на ЕУ до вчера сеуште не биле дојдени за да помогнат при напливот на нови бегалци, чиј број само во текот на ноќта достигнал до 875.

XS
SM
MD
LG