Достапни линкови

Конференција за Македонија во услови на бегалска криза


Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одржана конференција на тема „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза“.

На конференцијата е најавено обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и учество на претставници од државните институции, дипломатскиот кор, академската заедница и од научната и стручната јавност.

Конференцијата е во организација на Центарот за стратегиски истражувања на Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи. Овие две институции во рамки на конференцијата ќе потпишат и меморандум за соработка.

XS
SM
MD
LG