Достапни линкови

ОБСЕ: Прочистувањето на ИС клучен предуслов за веродостојни избори


Мисијата на ОБСЕ во Скопје по усвојувањето на извештајот на Државната изборна комисија за сомнителни гласачи порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори.

“Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен предуслов за веродостојни избори“, сметаат од организaцијата која ги набљудува и оценува изборите.

На вчерашната седница членовите на Државната изборна комисија одлучија да се проверат вкупно 199.132 гласачи, од кои 100.426 – теренски.

XS
SM
MD
LG