Достапни линкови

logo-print

Се преврте автобус со студенти во Шпанија, 14 загинати


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 14 луѓе загинаа откако автобус со студенти денеска се удрил во североисточниот дел на Шпанија. Автобусот носел 56 патници кога се удрил и превртел на автопатот на половина пат меѓу Влаенсија и Барселона. Портпаролот на шпанската североисточна провинција Каталонија изјави дека спасувачите се уште работат на расчистување на остатоците. Студентите, дел од програмата за размена Еразмус присуствувале на фестивал за огномет во Валенсија и се враќале во Барселона кога автобусот се удрил. Од 43 повредени 30 студенти биле пренесени во болница. Причината за несреќата се уште не е јасна, а возачот кој ја преживеал несреќата бил однесен во локалната полициска станица.

XS
SM
MD
LG