Достапни линкови

Обама во историска посета на Куба


Американскиот претседател Барак Обама треба да ја започне историската посета на Куба, чија цел ќе биде да се унапреди соработката меѓу двете земји по половина век замрзнати односи. Очекувајќи ја новата иднина со САД, Кубанците се подготвуваат за долгоочекуваната посета на Обама што ќе биде прва посета на Хавана од страна на американски претседател по скоро 90 години. Посетата на американскиот претседател на островската држава ќе биде силен симбол на односите кон кои целат САД и Куба, а дводневното патување за Обама претставува една од послените и најдобри можности да ги унапреди дипломатските односи со претседателот Раул Кастро, пред да ја наппушти Белата куќа следнат година. Претседателот Обама заедно со неговата сопруга Мишел и двете ќерки ќе се шетаат на улиците на Хавана и ќе се сретне со Кастро во неговите претседателски канцеларии. Раул Кастро во понеделник ќе подготви државна вечера за својот висок гостин.

XS
SM
MD
LG