Достапни линкови

Истражителите ги утврдуваат причините за уривањето на авионот на „Флај Дубаи“


Истражителите во јужниот дел на Русија ги испитуваат причините за уривањето на патничкиот авион од Дубаи во кој загинаа сите 62 патници. Авионот на „Флај Дубаи“ се урна и изгоре на 19 март, додека се обидуваше да слета на аеродромот во јужниот руски град Ростов на Дон. Рускиот министер за транспорт Максим Соколов денеска изјави дека спасувачите ја завршиле нивната операција во областа. Инспекторите утврдија дека сите 55 патници и седум членови на екипажот загинале веднаш. Тие започнаа кривична истрага за да утврдат дали уривањето е поради техничка грешка, лоши временски услови или грешка на пилотот. Проебарувањето во областа е проширено за 15 хектари, а а инеспекторите го поминаа денот испитувајќи го местото на настанот. Руските новински агенции известуваат дека двете црни кутии биле пренесени во Москва на испитување. Властите исто така започнаа со процесот на идентификување на човечките остатоци употребувајќи примероци на ДНК од нивните роднини.

XS
SM
MD
LG