Достапни линкови

ДИК теренски ќе проверува над 110 илјади гласачи


ДИК на синоќешната седница во која не учествуваа претставниците од СДСМ утврдија дека 110.440 спорни гласачи теренски ќе бидат проверени, 62.837 лица прво административно ќе се проверуваат, а колку од нив ќе бидат и теренски проверени ќе одлучи ДИК. Админстративно, пак, ќе бидат проверени 35.859, а за 7.345 ќе се одлучува на некоја од наредните седници на ДИК. Државната изборна комисија одлучи дека нема да се проверуваат 124.027 гласачи за кои имаше сомнеж дека се иселени, бидејќи тие имаат гласачко право и не се сомнителни.

XS
SM
MD
LG