Достапни линкови

Стапува на сила Договорот ЕУ - Турција


Од денеска е на сила договорот меѓу Европската унија и Турција со кој треба да се стави крај на приливот мигранти во Европа. Договорот беше постигнат пред два дена и според документот Анкара ќе прифати назад илегални мигранти кои преминале во Грција вклучително и сириски бегалци, доколку ЕУ преземе сириски бегалци директно од Турција. Анкара ќе добие пари, ќе биде и воведен безвизен режим на патување и ќе и се обезбеди напредок во преговорите за членство во Унијата.

Балканската рута останува затворена, но според некои западни медиуми, Грција нема да биде во можност да почне да враќа бегалци од Турција од денеска. Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера ги известил министрите да бидат подготвени за почеток на префрлување бегалци, но официјални лица тврдат дека за тоа треба многу повеќе време.

„Таков план не може да почне да се спроведува за 24 часа“, изјави портпаролот на координаторот на владата за политиката кон бегалците, Јоргос Кирицис.

Околу 2.300 безбедносни и правни експерти треба да стигнат во Грција за помош за спроведување на договорот, а Париз и Берлин ветија испраќање 600 полицајци и експерти за азил. Се очекува бегалците да почнат да се враќаат во Турција од 4 април. Во Грција моментно има околу 47.500 бегалци, 8.200 на островите и 10.500 на Идомени.

XS
SM
MD
LG