Достапни линкови

Чавушоглу: Турција со сета сила ќе се бори со тероризмот


Турција со сета своја сила ќе продолжи да се бори против тероризмот, изјави денеска во Анкара турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега Мохамад Џавад Зариф.

Чавушоглу и Зариф го осудија денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, при кој загинаа најмалку пет лица, оценувајќи дека тој е приказ на „грозното лице на тероризмот“.

Зараф, кој денеска престојува во посета на Анкара, нагласи дека Иран и Турција, како „две големи држави“, треба да соработуваат во борбата против екстремизмот и верските поделби на Блискиот Исток. Чавушоглу во својата изјава не посочи кој стои зад денешнит напад во Истанбул, но анонимен висок претставник на турските безбедносни служби соопшти дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека тој е извршен од Курдската работничка партија (ПКК) или група поврзана со неа.

XS
SM
MD
LG