Достапни линкови

logo-print

Отворени Денови на франкофонијата во Македонија


По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата 20 Март, во Младинскиот културен центар под мотото „Франкофонијата ти отвора врати!“ денеска и утре ќе се одржуваат голем број на активности во рамки на манифестацијата „Денови на Франкофонијата во Македонија“. Манифестацијата за отворена ја прогласија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и амбасадорката на Франција Лоранс Оер.

Во рамки на Деновите на франкофонијата во Македонија ќе се одржат голем број интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти. Во холот на МКЦ пред присутните се претставија франкофонските компании и оператори во Македонија имаше и предавање на тема „Франкофонијата и глобализацијата“. Во МКЦ вечер од 20.30 чсот концерт ќе одржи групата „Фолтин“. Активностите утре ќе продолжат во ТЦ „Рамстор“, каде ќе се одржи Саем на франкофонски оператори во Македонија.

XS
SM
MD
LG