Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ го повика Азербејџан да ослободи повеќе политички затвореници


Висок претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го поздрави неодамнешното ослободување на некои активисти на граѓанското општество и новинари и повика на ослободување на уште луѓе за кои се верува дека се затворени поради политички причини. Шефот на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Мајкл Георг Линк денеска соопшти дека „ослободувањата се позитивен, добредојден чекор.“ Меѓутоа тој го повика азербејџанскиот претседател Илхам Алијев „да ги разгледа аслучаите на другите кои моментално се затворени или под рестриктивни наредби, вклучително адвокатот Интикам Алијев, новинарката на Радио Слободна Европа, Хадиџа Исмаилова и шевот на Републиканското алтернативно движење Илгар Мамедов. претседателот Алијев на 17 март помилува вкупно 148 затвореници, кои беа наведени како политички затвореници од страна на организациите за човекови права.

XS
SM
MD
LG