Достапни линкови

logo-print

465 мигрнати пристигнале на грчкото пристаниште Пиреја


На грчкото пристаниште Пиреја денеска пристигнаа 465 мигранти, јавува ДПА, еден ден пред почетокот на имплементацијата на договорот за справување со мигрантската криза којшто вчера во Брисел го постигнаа ЕУ и Турција. Грчката Крајбрежна стража соопшти дека овие мигранти претходниве денови пристигнале од Турција на островите во Егејското Море, а денеска само се префрлени во Пиреја. Во текот на денот се очекува во Пиреја да пристигне уште еден фериботсо околу 30 мигранти.

Според вчерашниот договор од Брисел, од утре Грција ќе може да ги врати во Турција сите илегални имигранти кои ќе дојдат во земјата од турска територија. Грчките медиуми јавуваат дека во адаптираната спротска сала во која се сместуваа имигрантите и во бегалските кампови во Пиреја во моментот има околу 4.000 лица. Властите информираат за чести тепачки и расправии меѓу мигрантите од различна националност.Поголемиот број од овие мигранти не сакаат да останат во Грција, туку сакаат да заминат кон некоја од западните земји, но со затворањето на балканската бегалска рута, тие останаа заглавени на грчка територија.

Во Македонија во изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање право на азил, ниту се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за право на азил.Според МВР, од 1 јануари 2016 до вчера се издадени потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 машки, 19.617 женски и 34.399 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 226 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија, 44.734, Авганистан, 26.546, и Ирак 18.337.

Во истиот период, до Секторот за азил, барање за признавање право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

XS
SM
MD
LG