Достапни линкови

Осомничениот за нападите во Париз ќе биде екстрадиран во Франција


Осомничениот обвинет за вмешаност во терористичките напади во Париз во ноември кога загинаа 130 луѓе, е префрлен од белгиската болница и наскоро се очекува да биде испратен во Франција. Осомничениот Салах Абдеслам беше денеска испрашуван од белгиската полиција, еден ден откако беше приведен во полициска рација. Се очекува француските власти да поднесат барање за екстрадиција. Белгискиот обвинител за АП изјави дека Абдеслам почнал да разговара со белгиската полиција и дека тоа може да ја одложи неговата екстрадиција. „Но, порано или подоцна тој ќе биде екстрадиран во Франција“, рече обвинителот Ерик ван дер Сипт. Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казаневе изјави дека апсењето на Абдеслам и четри други осомничени е „голем удар“ на мрежата на групата на Исламската држава која оперира во Европа. Само еден од осомничените за нападите во Париз, Мохамед Абрини останува на слобода.

XS
SM
MD
LG