Достапни линкови

Најмалку четворица загинати во бомбашкиот напад во Истанбул


Најмалку четири луѓе се загинати и 20 ранети во самоубиствениот бомбашки напад во Истанбул, соопшти гувернерот на Истанбул, Васиб Сахин. Денешниот напад се случи во главниот трговски кварт во центарот на градот. Некои од повредените се во многу тешка состојба, се вели во извештаите. Турската новинска агенција известува дека тројца од повредените се граѓани на Израел. На 13 март во Анкара во експлозија на автомобил бомба загинаа 37 лица.

XS
SM
MD
LG