Достапни линкови

logo-print

Неколку руски медиуми одговорија на нападот на НТВ


Група независни регионални медиумски компании во Русија упатија апел до рускиот Совет за печат, барајќи да ја осуди неодамнешната напаѓачка приказна емитувана на националниот телевизиски канал НТВ, обвинувајќи ги дека се „задолжени“ кај Стејт департментот на САД. Менаџерите на медиумските компании во апелот наведуваат дека во извештајот на НТВ „се измешани вистински информации со очигледни лаги“ и дека тоа наштетува на нивната бизнис репутација. Медиумските компании добиваат средства од развојнииот инвестициски Фонд за медиуми - непрофитна организација која обезбедува заеми за независни медиуми низ светот. Тие добиваат средства од Фондацијата отворено општество на Џорџ Сосрос, но немаат поврзаност со Владата на САД.

XS
SM
MD
LG