Достапни линкови

Се урна патнички авион на „Флај Дубаи“, 62 загинати


Патнички авион од Дубаи се урна и изгоре додека се обидувал да слета на аеродромот во јужниот руски град Ростов на Дон, при што загинале повеќе од 60 луѓе. Несреќата се случила рано денеска, а властите го идентификувале авионот како Боинг 737 - 800 кој пристигнал од Дубаи. Сите 62 луѓе кои биле во авионот се загинати, од кои 55 патници и седум членови на екипажот, соопшти локалното Министерство за итни ситуации. Компанијата „Флај Дубаи“ на нејзината фејсбук страница напиша: „Свесни сме за инцидентот во кој е вклучен нашиот лет ФЗ981 од Дубаи до Ростов на Дон. Ние истражуваме.“ Компанијата подоцна потврди дека сите во авионот се загинати, додавајќи дека четри од жртвите биле деца.

XS
SM
MD
LG