Достапни линкови

logo-print

Колку спорни гласачи треба теренски да се проверуваат?


Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска беше во посета на Велес, изјави дека само со целосно прочистување на Избирачкиот список и со реформите во медиумите може да има фер, регуларни и демократски избори. Тој додаде дека нема да поддржат процес на опструкции и избегнување на теренското прочистување на Избирачкиот список. Според него, треба теренски да се проверат над 200 илјади гласачи.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека со денешната изјава Заев ја поништил Државната изборна комисија и си зел за право да одлучува и да говори во нејзино име. „Наместо ДИК, Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од избирачкиот список“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Државната изборна комисија вечерва одржува седница на која треба да биде разгледан и усвоен Извештајот со резултатите од вкрстената проверка на десет бази на податоци и да се утврди начин на постапување по неконзистентни записи во Избирачкиот список.

XS
SM
MD
LG