Достапни линкови

Одобрен договорот ЕУ-Турција за мигрантската криза


Европските лидери соопштија дека го одобриле договорот со Турција за намалување на мигрантската криза.

„Договорот со Турција беше одобрен“, напиша финскиот премиер Јуха Сипила на твитер, откако лидерите на 20-те земји-членки на Унијата се состанаа да разговараат за договорот во Брисел.

Кон крајот на дводневниот Самит, чешкиот премиер Бохуслав Соботка, исто така на твитер, напиша: „Договорот со Турција е одобрен. Сите нелегални мигранти кои дошле во Грција од Турција, почнувајќи од 20 март, ќе бидат вратени.“

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на твитер напиша дека европските лидери и Турција се согласиле на нов договор за намалување на мигрантскиот прилив преку Егејското Море.

Договорот предвидува мигрантите што ќе дојдат во Грција да бидат вратени назад во Турција ако не им биде одобрен азил. За возврат, европските држави ќе примат илјадници сириски бегалци кои живеат во Турција. Анкара ќе добие и финансиска помош и забрзување на процесот на евроинтеграции.

XS
SM
MD
LG