Достапни линкови

Идомени е модерен Дахау


Грчкиот министер за внатрешни работи Панајотис Коуроумплис ги спореди условите во пребукираниот камп Идомени со нацистички концентрационен логор и за тоа ги обвини европските држави кои ги затворија границите за мигрантите. Коуроимплис изјави дека „не се колеба да каже дека кампот Идомени е модерна верзија на логорот Дахау во Германија, со кого раководеа нацистите“. Тој за време на денешната посета на Идомени истакна дека ситуацијата е резултат на „логиката на затворени граници“ од земјите кои одбија да прифатат бегалци.

Повеќе од 46 илјади луѓе се заробени во Грција, а само во Идомени има повеќе од 14 илјади бегалци. Грција сака мигрантите да го напуштат Идомени и да го продолжат патот кон организираните прифатилишта во други земји.

XS
SM
MD
LG