Достапни линкови

Демонстрантите ќе кампуваат во центарот на Багдад


Илјадници поддржувачи на влијателниот ирачки свештеник Моктада ал-Садр се собраа на седечки протест надвор од Зелената зона во Багдад и покрај владината забрана. Демонстрантите, кои почнаа да поставуваат шатори, велат дека ќе останат на местото. Голем дел од нив носат ирачки знамиња.

Владата го забрани протестот, посочувајќи на можноста од терористички напади. Милитантната организација Исламска држава контролира голем дел од територијата на Ирак.

Шиитскиот муслимански водач Ал-Садр рече дека кампувањето е неопходно за да се изврши притисок врз премиерот Хајдар ал-Абади да ги замени министрите со технократи, кои ќе ѝ се спротивстават на културата на политичка припадност, кои ја потхрануваат корупцијата. Тој ги повика неговите приврзаници да се воздржат од насилство и рече дека протестите ќе бидат мирни.

Абади на 11 март побара од политичките партии и „влијателни општествени претставници“ да предложат технократи, но силните политички партии се противат на намалување на нивното влијание.

XS
SM
MD
LG