Достапни линкови

Националниот демократски институт - непожелна организација во Русија


Руското Министерство за правда ја додаде американската непрофитна организација Национален демократски институт (НДИ) на листата на „непожелни организации“, според законот, кој, според Москва, служи за да се спречи странските организации да се користат за подривање на руската национална безбедност. Критичарите сметаат дека законот, донесен во 2015 година, го задушува граѓанското општество. Националниот демократски институт е непрофитна организација која ги поддржува демократските институции и граѓанските општества ширум светот. Организацијата е основана во 1983 година, а со неа претседава поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт. На 10 март, руското обвинителство оцени дека активностите на НДИ во земјата се непосакувани, а организацијата реагираше дека вистинската цел на законот е „дополнително да се изолира рускиот народ“.

XS
SM
MD
LG