Достапни линкови

САД предупредуваат од опасност од нови напади во Турција


Терористички напад во Анкара на 13 март

Терористички напад во Анкара на 13 март

Амбасадата на САД во Турција ги предупреди граѓаните да бидат внимателни поради нови терористички напади во периодот од 17 до 21 март, односно за време на прославата на курдска Нова година Нервуз, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Амбасадата ги предупредува Американците да бидат внимателни поради евентуални терористички напади на плоштадите, во близина на владини згради и на клучните места од градскиот транспорт, како и да ги избегнуваат големите собири и прослави. Амбасадата на САД во Турција ги предупреди Американците да го избегнуваат центарот на Анкара пред терористичкиот напад на 13 март, при што загинаа 37 лица.

XS
SM
MD
LG