Достапни линкови

Аневски: Јанева треба да ни одговори на прашањата за извештајот


Специјалната обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на Јавни обвинители Петар Аневски.

Специјалната обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на Јавни обвинители Петар Аневски.

Одложено е разгледувањето на извештајот на Специјалното јавно обвинителство во Советот на обвинители, затоа што е неопходно присуство на специјалната обвинителка Катица Јанева на седницата за да се објаснат некои нејаснотии и проблеми кои се наведени во него, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски. Тој вели дека седницата за оваа точка е закажана за следната недела и повторно е повикана Јанева да присуствува.

Аневски не сакаше да зборува ни за спорните точки од извештајот, ниту за петте предмети кои Јанева ги бара од обвинителствата, а не ги доби под објаснување дека не се дел од нејзината надлежност.

Еден од нив е предметот кој е поврзан за аферата „Маѓар Телеком“, а кој според дел од експертската јавност застарува во мај годинава. Јанева во извештајот наведе дека и за него е покрената предистражна постапка. Аневски смета дека обвинителката Јанева е должна да присуствува на седницата.

„Став беше на Советот на јавни обвинители, тоа не е од сега, од минатата година е, дека кога ќе се презентираат извештаите на вишите и основните обвинителства да бидат присутни сите шефовите на обвинителствата, за да не искочи после дека сме донеле заклучоци кои не се точни“, вели Аневски.

Тој посочи дека државниот обвинител Марко Зврлевски присуствувал на разгледување на неговиот годишен извештај.

XS
SM
MD
LG