Достапни линкови

Јанева нема да го објаснува извештајот пред Советот на обвинители


Прес конференција на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во Скопје

Прес конференција на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во Скопје

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема да присуствува на денешната сендица на Советот на јавни обвинители на која ќе се разгледува нејзниот извештај за работа, потврдуваат за Радио Слободна Европа од СЈО.

Од таму велат дека немаат законска обрска да присуствуват и oти досегашната воспоставена пракса покажува дека ниту еден обвинител претходно усно не го образложувал извештајот што го доставил до Советот.

Специјалното обвинителство писмено го известил Советот дека нема да присуствува на седницата. На дневен ред на Советот се три точки од кој последата е токму разгледувањето на 6 - месечниот извештај на Јанева.

На седницата на Советот на јавни обвинители ќе се разгледува и спорот меѓу Зврлевски и Јанева за неколку предмети кои Јавното обвинителство на РМ одбива да ги даде на Специјалното обвинителство

XS
SM
MD
LG