Достапни линкови

Во нападот во Анкара употребени 300 килограми експлозив


Во самоубиствениот напад во центарот на Анкара во неделата, била активирана бомба со 300 килограми експлозив, објавија турските медиуми, повикувајќи се на резултатите од истрагата за терористичкиот напад. Истрагата утврдила дека бомбата била активирана од жена со име Сехер Чагла Демир, која го насочила автомобилот кон автобуска постројка на плоштадот Казалај. Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од 2013 година Демир била член на Курдската работничка партија и преминала во редовите на Силите за заштита на народот на сириските Курди. Во последниот терористички напад во Анкара загинаа 37 лица, а повеќе од 120 беа повредени.

XS
SM
MD
LG