Достапни линкови

Давутоглу: Турција нема да стане затвор за бегалците


Турција нема да дозволи да се претвори во затвор под отворено небо за бегалците, изјави синоќа во Анкара турскиот премиер Ахмед Давутоглу пред заминувањето за Брисел, каде што со лидерите на ЕУ ќе разговара за финализирање на договорот за ограничување на приливот на бегалци кон Европа. „Нашиот предлог до ЕУ е се уште на маса. Нашата иницијатива е јасна и чесна. Таа има за цел целосно запирање на илегалната имиграција“, рече Давутоглу, додавајќи дека се надева оти Унијата ќе донесе решенија кои ќе „ги израдуваат бегалците“.

XS
SM
MD
LG