Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападниот дел од земјава ќе има зголемена облачност и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

XS
SM
MD
LG