Достапни линкови

Путин - Можеме да ја вратиме војската во Сирија за неколку часа


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може повторно да го врати своето воено присуство во Сирија во рок од „неколку часа“. Зборувајќи денеска во Кремљ, три дена откако нареди делумно повлекување на руските сили од Сирија, Путин рече дека Москва ќе задржи доволно сили во земјата за борба против Исламската држава и другите екстремистички организации. Тој изрази уверување дека во блиска иднина ќе има сериозни успеси во борбата. Тој рече дека руската интервенција во Сирија чинела околу 33 милијарди рубљи, односно околу 482 милиони долари, кои биле пренасочени од буџетот за воени вежби на Министерството за одбрана. Ќе има и други трошоци за замена на оружје и муниција, како и за поправки, рече тој.

XS
SM
MD
LG