Достапни линкови

logo-print

Сириските Курди прогласија федерален регион во северна Сирија


Лидерите на сириските Курди прогласија посебен федерален регион во северна Сирија. Владата и опозициската коалиција веднаш ја отфрлија ваквата одлука. Одлуката за посебен федерален регион била донесена денеска на средбата меѓу лидерите на Курдите, Арапите и Туркмените во градот Рмеилан во северна Сирија. Сириските Курди се решија на ваков потег откако не беа вклучени во мировните преговори за Сирија што под посредство на ОН се одржуваат во Женева.

XS
SM
MD
LG