Достапни линкови

Кери - Исламската држава извршилa геноцид


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека милитантите на Исламската држава извршиле геноцид врз христијаните, Јизидите и други верски и етнички групи во областите под нивна контрола. Не се очекува денешната објава да има каков било непосреден практичен ефект врз американската политика во борбата против оваа екстремистички организација, која контролира големи области во Сирија и во Ирак. Кери вели дека и самата Исламска држава признала дека имала за цел да збрише цели етнички заедници.

Исламската држава особено одмазднички се однесуваше кон ирачките Јизиди, а ОН и независни истражувачи собраа докази за илјадници жени од овој народ кои биле принудени да станат сексуални робинки.

Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, вчера рече дека објавувањето дека во Ирак или на кое било друго место имало геноцид или злосторства против човештвото, „не нужно ќе резултира со посебна законска обврска за САД“.

XS
SM
MD
LG