Достапни линкови

logo-print

Украина ги исполни условите за визна либерализација


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, украинскиот претседател Петро Порошенко и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, украинскиот претседател Петро Порошенко и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Украина ги спроведе неопходните реформи за наредниот месец комисијата да препорача укинување на визите за патување во земјите од шенген-зоната. Претседателот Петро Порошенко, кој е во посета на Брисел, за Радио Слободна Европа изјави дека тоа се „многу добри вести“.

„Ова е големо постигнување за Украина и јас сум апсолутно сигурен дека ова е големо постигнување и за ЕУ, поради тоа што е во корист на двете страни“, рече тој.

Предлогот за укинување на визите ќе треба да биде усвоен од Европскиот парламент и од 28-те земји-членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG