Достапни линкови

Грција бара санкции за членките на ЕУ кои не ги пуштаат бегалците


Грција бара на лидерската средба на Европската унија во Брисел да биде разгледана можноста за воведување санкции за земјите-членки, кои одлучиле еднострано да не ги пуштаат бегалците. Грчкиот заменик-министер за одбрана Димитрис Вицас, кој раководи со Координативниот центар за миграција во земјата, денеска изјави дека во Европа не треба да има „држави-тврдини“.

Грција постојано ја критикува Австрија поради тоа што го ограничи бројот на мигранти кои влегуваат на нејзина територија, што имаше домино ефект врз Балканот и доведе до блокирање на околу 46 илјади мигранти во Грција.

Во оваа бројка се и 14-те илјади бегалци кои живеат во кампот во регионот на Идомени на затворената граница со Македонија. Грчките власти се обидуваат да ги убедат луѓето во Идомени да се преместат во прифатните центри, но не смеат да употребат насилство за да ги принудат на тоа.

XS
SM
MD
LG