Достапни линкови

Власта оп, МАНУ скок


Архивска фотографија - Одбележување на 47-годишнината од основањето на МАНУ.

Архивска фотографија - Одбележување на 47-годишнината од основањето на МАНУ.

И МАНУ се однесува како сите во државата - исплашено, храбри се само поединци. Раководството треба да понесе одговорност и да ги застапува ставовите на научната мисла, а не на дневната политика.

И МАНУ не е имуна на дневно-политичките случувања во државата и се однесува како и сите во земјава исплашено, со исклучок на поединци кои храбро опстојуваат. Ова е коментарот на дел од академиците по повлекувањето на апликацијата која покажува како расте јавниот долг, што коинцидираше со реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека тоа е политички чин.

Апликација на МАНУ за јавниот долг

Апликација на МАНУ за јавниот долг

„МАНУ не е исклучок од атмосферата во државата. Во државата има луѓе кои брзо потклекнуваат и кои поминуваат на другата страна и кои се плашат, иако знаат каква е ситуацијата, но има и храбри луѓе кои опстојуваат. Прво го поздравувам тоа што претседателот на МАНУ излезе со тој бројчаник и Центарот за компјутерски науки, а потоа тоа што го повлекоа ми е уште повеќе жал. МАНУ не треба да подлегнува на дневната политика и мора да има своја научна политика“, вели академик Иван Катарџиев.

МАНУ не е исклучок од атмосферата во државата. Во државата има луѓе кои брзо потклекнуваат и кои поминуваат на другата страна и кои се плашат, иако знаат каква е ситуацијата, но има и храбри луѓе кои опстојуваат.

Во прашање е раководството кое во вакви мигови треба да понесе одговорност, бидејќи застапува ставови на научната мисла, а не на дневната политика, велат дел од академиците.

„Ова е во прашање раководството кое има своја одговорност. Тоа значи во одреден момент покажаа извонредна научна храброст, но ако подлегнаа, подлегнаа под притисок на политиката“, вели Катарџиев.

Академик Абдулменаф Беџети вели дека раководството треба да излезе со став во јавноста и да каже дали апликацијата е повлечена поради нејзина доработка или поради притисок.

„Не смее да се генерализира дека МАНУ има поданички однос. Ако мислите дека однесувањето на раководството кон власта е поданичко, тоа е друга работа. Има членови во МАНУ кои што дефинитивно преку својот интегритет постојано имаат критични ставови, без разлика на која власт се однесува. Лично мислам дека е грешка што бројчаникот е повлечен, освен ако проектот не во целост завршен. Само тоа може да биде логична причина за негово повлекување. Инаку МАНУ има должност и потреба да објавува научно истражувачки информации, особено кога се со посебен интерес за јавноста“, вели Беџети.

Веб апликацијата која се повлече по само 24 часа, покажа дека долгот изнесува 4,2 милијарди евра или 49,2 проценти од БДП.

Експертите велат дека кај нас се случува парадокс и оти МАНУ односно научната мисла треба да влијаат врз случувањата во општеството, а не неа да ја советуваат.

Меѓутоа професор Нано Ружин вели дека МАНУ со години ја следат критики за молчаливост, но оти во последниве месеци има потези со кои оваа институција полека излегуваа од таа состојба.

„Пример она што го кажа академик Камбовски околу тоа што се случува со Уставниот суд е мисла која е многу битна за сите генерации, бидејќи делува за многу освестувачки. Треба да ги охрабруваме нашите научници да бидат уште потранспарентни“, вели Ружин.

Тој смета дека во изминатите 10 година МАНУ особено покажала индиферентен однос за прашањата за идентитетот и етногенезата и оти академиците не излегувале со ставови за проектите со антиквизацијата.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG