Достапни линкови

Бунтовниците во источна Украина почнаа да издаваат пасоши


Првиот пасош му беше издаден на сепаратистичкиот лидер од Доњецк, Александар Захарченко.

Првиот пасош му беше издаден на сепаратистичкиот лидер од Доњецк, Александар Захарченко.

Проруските сепаратисти почнаа да издаваат нивни пасоши во делови од регионот на Доњецк, кои се под нивна контрола, во источна Украина. Првиот пасош му беше издаден на сепаратистичкиот лидер од Доњецк, Александар Захарченко.

„Овој документ е доказ за тоа што сме способни да направиме, што штитиме и постигнавме“, рече тој.

Захарченко рече дека сите што имаат намера да гласаат на локалните избори, кои допрва треба да бидат закажани, мора да имаат нов пасош.

Со црвениот документ на чија корица има двоглав орел ќе може да се патува во Русија, рече тој.

Киев вели дека изборите мора да бидат спроведени според украинските закони и мониторирани од набљудувачи од ОБСЕ – два услови кои сепаратистите не ги прифаќаат.

XS
SM
MD
LG