Достапни линкови

Затворена германската амбасада во Турција поради терористичка закана


Во бомбашки напад во неделата во Анкара загинаа 37 лица.

Во бомбашки напад во неделата во Анкара загинаа 37 лица.

Германската амбасада во Анкара и Генералниот конзулат на оваа земја и германското училиште во Истанбул денеска се затворени поради терористичка закана, информира ДПА. Германија во вторникот издаде предупредување кон своите државјани во Анкара за „претстоен напад“. Конзулатот, преку електронска пошта, на германските државјани им посочи дека ги затвора своите врати по добиено предупредување „кое не е убедливо проверено“. И двата објекта во Истанбул денеска ќе останат затворени како мерка на претпазливост, се посочува во електронската пошта.

Во бомбашки напад во неделата во Анкара загинаа 37 лица.

Во јануари, 12 германски туристи беа убиени во самоубиствен напад во Истанбул, за кој беше обвинета организацијата Исламска држава.

XS
SM
MD
LG