Достапни линкови

ЕУ неуспешна во справувањето со мигрантската криза


Интернационална конференција „Заеднички пристап во менаџирање на миграциските текови“ во македонското Министерство за надворешни работи во Скопје.
Интернационална конференција „Заеднички пристап во менаџирање на миграциските текови“ во македонското Министерство за надворешни работи во Скопје.

Бегалската и солидарната криза уште еднаш ја потенцира апсурдноста дека земјите од Западен Балкан сè уште се надвор од ЕУ, вели потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек.

ЕУ сè уште нема одговор за тоа како да се подели одговорноста за бегалците и целиот систем во Унијата е под притисок и може за прв пат да се распадне, рече во снимено видео обраќање потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек на денешната интернационална конференција „Заеднички пристап во менаџирање на миграциските текови“ во македонското Министерство за надворешни работи.

Бегалската и солидарната криза уште еднаш ја потенцира апсурдноста дека земјите од Западен Балкан сè уште се надвор од ЕУ. Десетици илјади бегалци транзитираат низ Грција, која е во Шенген зоната, па потоа во земји кои не се членки на ЕУ, како Македонија и Србија, за да продолжат кон Хрватска, па сè до Австрија и Германија.
Улрике Луначек, потпретседателка на Европскиот парламент

Таа смета дека системот кој определува дека за бегалците е одговорна земјата членка на ЕУ каде за прв пат влегле не е фер, како за таа земја, така и за барателите на азил. Според неа, тоа не е фер ниту за земјите помеѓу, како Македонија и Србија, кои направиле многу во помагањето на бегалците во последните месеци. Цената која ја плаќаат бегалците, како што наведе, може да се види секој ден преку трагичните слики.

„Бегалската и солидарната криза уште еднаш ја потенцира апсурдноста дека земјите од Западен Балкан сè уште се надвор од ЕУ. Десетици илјади бегалци транзитираат низ Грција, која е во Шенген зоната, па потоа во земји кои не се членки на ЕУ, како Македонија и Србија, за да продолжат кон Хрватска, па сè до Австрија и Германија. Балканската рута сега е затворена и тоа е последица на неуспехот на политиката на ЕУ за миграција и азил, на што Србија и Македонија немаат контрола“, рече таа.

Директорката на регионалниот центар МАРРИ, Тамара Мугоша, вели дека ангажирањето во јакнењето на регионалната соработка меѓу земјите е пресудно прашање за европската перспектива на Западен Балкан.

„Свесни сме за фактот дека миграциските текови се далеку од завршени и дека ни е потребен холистички долгорочен пристап за да ги решиме нејзините најразлични аспекти. Токму затоа го одржуваме континуираниот дијалог со другите регионални иницијативи, меѓународни организации и нашите влади со намера да ги утврдиме клучните предизвици во управувањето со оваа миграциска криза“, рече таа.

Според Уго Поли од Централната европска иницијатива, недостигот на вмрежување меѓу земјите и несподелувањето на информациите влијаат врз подготовките за соодветен одговор на хуманитарните потреби на бегалците.

Амбасадорот Јован Теговски истакна дека бегалската криза е сериозна и комплексна и потребен е обединет европски пристап и изрази надеж дека ЕУ ќе направи чекори во таа насока.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG