Достапни линкови

Курдските „јастреби“ ја презедоа одговорноста за нападот во Анкара


Екстремистичката група активна во Турција, Јастреби на слободата на Курдистан, денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица. Оваа група, во соопштението објавено на нејзиниот сајт, истакна дека нападот во неделата е извршен како одмазда поради операциите во мнозинско курдскиот југоисточен дел на земјата, кои траат од јули и во кои загинаа стотици цивили, припадници на безбедносните сили и екстремисти. Групата претходно ја презеде одговорноста и за минатомесечниот напад во Анкара, во кој загинаа 29 лица. „Јастребите“ тврдат дека се отцепиле од Курдската работничка партија, но експертите кои ги следат курдските екстремисти наведуваат дека тие останале во блиска врска.

XS
SM
MD
LG