Достапни линкови

logo-print

Владините преговарачи не сакаат директна средба со сириската опозиција


Шефот на сирискиот владин преговарачки тим Башар ал-Џафари

Шефот на сирискиот владин преговарачки тим Башар ал-Џафари

Шефот на сирискиот владин преговарачки тим Башар ал-Џафари одбива да почне директни преговори со претставници на опозицијата на третиот ден од мировните преговори што со посредство на ОН се одржуваат во Женева. Тој денеска рече дека нема да се сретне со шефот на преговарачкиот тим на опозицијата Мухамед Алуш додека не се извини за тврдењето дека политичката транзиција во Сирија мора да почне со пад или смрт на претседателот Башар ал-Асад. Зборувајќи по средбата со пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, Џафари го обвини Алуш дека е член на терористичка организација.

Опозициските лидери вчера рекоа дека се подготвени на директна средба со владините преговарачи.

Иднината на Асад е главен камен на сопнување во преговорите за политичко решение за петгодишниот крвав конфликт во Сирија.

XS
SM
MD
LG